Алкалоид против Бриксен за четвртфинале во ЕХФ Европскиот куп

Ракометниот клуб Алкалоид со жрепка во Виена го доби противникот во осминафиналната фаза на ЕХФ Европскиот куп, тоа е екипата на Бриксен Хандбал од Италија.

Македонскиот претставник предводен од тренерот Кирил Лазаров првиот натпревар ќе го играат на гостински терен на 15/16 февруари, а реваншот е во Скопје на 22/23 февруари 2025 година.

Во ова натпреварување Алкалоид досега оствари по две победи над Драгунас Клаипеда од Литванија и Вест Виен од Австрија.

ЕХФ Европски куп (мажи), двојки, осминафинале –

Рунар Сандефјорд – Бешикташ
Драмен – Олимпијакос СФП
Партизан – Диомидис Аргус
АЕК Атина – МРК Крка
ССВ Бриксен Хандбал – Алкалоид
Сабианко Анортозис Фамагуста – Извиѓач
Хаукар – Јерузалем Ормож
Минаур Баја Маре – БК 46

Претходна вестЈаневска бара неколку дена за решавање на случајот со малолетникот и бојкотот во ОУ „Лазо Ангеловски“
Следна вестАвтомобил во сопственост на МВР излета од патот Охрид – Кичево, повредени полициски службеници