Алонсо со пофалби: Ова ни треба – ваква магична сала и публика

Ракометарите на Еурофарм Пелистер се радуваа на победа против Висла Плок (21-18), во рамките на десеттата рунда на Лигата на шампионите. Битолчани забележаа круцијален триумф во битката за последното нокаут место во оваа група, па иако има уште доста да се игра стекнаа предност во однос на полскиот ривал.

На прес-конференцијата по натпреварот се обрати тренерот Раул Алонсо. Тој нагласи дека е горд од одиграното на неговите избраници.

-Каква ноќ, мислам дека сите уживаа. Денес ја имав најлесната работа, моите играчи беа на врвно ниво. Горд сум за ефикасноста и како одигравме во текот на целиот меч, особено во дефанзива. Заслужено победивме. Имавме проблеми, но успеавме да го задржиме нивото во клучни моменти бевме сконцентрирани против квалитетен ривал. Најголем респект за играчите. Среќен сум бидејќи она што го гледав на тренинзите, го покажавме вечерва. Одигравме на многу високо ниво, пред нас има уште натпревари до паузата. Ова сепак, е среќна вечер за нас. Уживав и во одличната публика, ова е тоа што ни е потребно, поддршка која оваа магична сала може да ја пружи, изјави Алонсо.

Со оваа победа пелистерци стигнаа до шест бода во групата, надминувајќи ја Висла која е на четири, а исто толку има и Фредериција. Битката за последното нокаут место ќе биде навистина тесна.

Претходна вестЛишен од слобода кумановец кој опожари автомбили и деловен објект во Куманово
Следна вестОбвинение за уште една узурпација за паркинг кај поликлиниката Бит пазар