Алтернатива ги кажала условите под кои би преговарала – нова средба следната недела

Премиерот и лидер на СДСМ Зоран Заев, по денешната средба со претседателот на Алтернатива, Африм Гаши, рече дека по денешната средба, викендот ќе биде искористн да се разговара внатре во двете партии, а и во владината коалиција за темите кои денеска биле отворени.

Но кои се тие прашања, Заев рече дека ќе ги кажат дури откако ќе има договор.

– Нашата покана е Алтернатива да биде дел од Владата. Таргетот пред нас се редовни избори, а не вонредни. Продолжуваат разговорите следната седмица. Како нешто ќе утврдиме, така и ќе ја  информираме јавноста, рече Заев.

На средбата, Заев, рече дека им биле соопштени условите под кои понатаму би продолжиле разговорите.

– Се очекуваат отстапки од сите не само од СДСМ, туку и ДУИ и сите партнери во владата да прават отстапки. Одлуката на крајот од нив може да бида да влезат, а може и да биде да на влезат. Тоа ми е соопштено денеска на средбата. Но, одлуките се носат на органи на париите, изјави Заев по неколкучасовната средба со Гаши во Клубот на пратениците.

Претседателот на Алтернатива изјави дека сакале да го видат концептот на Заев, и кои би биле следните чекори во евроинтеграцијата. Кажа и дека внатре во партијата ќе разговараат што понатаму. Ќе водат сметка за интересот на граѓаните, државата, Албанците, и за партијата.

-Јас сум убеден дека ќе ја донесеме најдобрата одлука за граѓаните, државата, за нас, изјави Гаши.

Тие сакаат да видат каде ќе биде Алтернатива во мнозинството, која ќе биде улогата, дали ќе можат да помогнат во евроинтеграциите.

Претходна вестДел од Ржаничино утре без струја
Следна вестУтре ветровито и топло, од понеделник дожд