Алтернатива одлучи претседателот Африм Гаши да преговара со премиерот Зоран Заев или идниот мандатар за влез во Влада.
Според нив, евентуалното приклучување кон владината коалиција, ќе може да донесе излез од економската, здравствената и политичката криза во Македонија. Дополнително, како што објаснија од партијата, влезот во коалиција со СДСМ и ДУИ ќе значи и шанса за стабилност, а со тоа и отпочнување преговори со Европската Унија.
„ Разговаравме за политичката состојба во земјата и констатиравме дека ние сме во длабока почитичка, енергична и здравствена криза. Овој ќорсокак предизвика многу неизвесна. Јас согледавме оваа ситуација и како сериозна партија како можеме да ја откочиме оваа ситуација. Одлучивме да и дадеме шанса на стабилноста и континуитетот за земјава да се надева на датум за преговарање со ЕУ. Го овластивме претседателот да комуницира со актуелниот премиер или новиот мандатар за да се види дали има простор за заедничка владина програма. Се зависи од тоа што ќе се разговара и што ќе се договори“, кажаа од Алтернатива.
Одлуката дали Алтернатива ќе биде дел од владината коалиција ќе ја донесе централното собрание. Состанокот ќе биде закажан откако ќе има епилог од преговорите меѓу Заев и Гаши. Од Алтернатива не кажаа што ќе бараат од СДСМ за влез во Владата и рекоа: „Повеќе ќе бидеме заинтересирани за начините за излез од кризата, отколку за тоа што ќе добиеме ние“.