Алтернатива оди во опозиција, Гаши со остри критики за СДСМ

Партијата Алтернатива, која досега беше дел од владината коалиција, во иднина ќе делува како опозиција. Ваква одлука денеска донесе Централното собрание на партијата чиј лидер Африм Гаши упати остри критики кон досегашниот коалициски партнер СДСМ. Според Гаши, во една година владеење има десетици успешни проекти на нивните кадри. -Довчерашните партнери ја поминаа етичката линија. Ние донесовме конечна одлука. Ние одлучивме дека Алтернатива со сите функционери ќе биде опозициска партија. Ние во јануари 2022 година одржавме стабилизација, а во јули започнаа и преговорите со ЕУ. Сакам да се заблагодарам на сите функционери, изјави вечерва Гаши

На новинарско прашање тој најави дека ќе гласат за уставните измени. Одлуката на Алтернатива доаѓа по предлогот за реконструкцијата на Владата кој вчера го достави премиерот Димитар Ковачевски во Собранието.

Гаши не ја криеше разочараноста од СДСМ за одлуката да им земат ресори кои им ги даваат на Алијанса за Албанците.

-Во однос на програмските определби, нема дилема дали Алтернатива ќе поддржи или не. Но сметам дека СДСМ направи непромислен и ризичен потег за европските интеграции. Иднината ќе биде сведок дали сме биле во право или не. Да, ќе гласаме за уставни измени, за тоа нема дилема, посочи Гаши.

Според него, по излегувањето на Алијанса од Владата, тројцата пратеници ќе делуваат самостојно како опозиција.

-Се креира перцепција дека СДСМ е заложник на Албанците. Тоа ќе предизвика меѓунационални недобри односи меѓу етникумите. А така некои политички партии кои се радикални, преку меѓуетничките односи ќе бидат посилни во Собрание. Најмногу важно за нас е што партиите можат ова да го злоупотребат и да го стопираат европскиот процес. Ние работевме на релаксација на етничките односи. Вака ќе предизвикаме тензии меѓу Македонците и Албанците, потенцира Гаши.

Претходна вестСпречен шверц на 232 парчиња белвица
Следна вестСончево со малку облаци