Пред Стража сообраќајот се одвива во една лента поради превртен камион
На патниот правец Гостивар – Стража, на околу 500 метри пред планинскиот премин Стража, поради превртено товарно моторно возило сообраќајот се одвива наизменично по една коловозна лента, соопшти АМСМ.
На останатите државни патишта сообраќајот се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот надвор од градските средини е зголемен.
На граничниот премин „Табановце“ е зголемена фреквенцијата на возила и се чека околу 45 минути за влез и излез од државата. На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања.
АМСМ за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево препорачува прилагодена брзина и внимателно возење поради можност од одрони.