Нормализиран за сообраќај е регионалниот пат Струмица – Радовиш кој беше во прекин по сообраќајна несреќа, информира Автомото сојузот на Македонија (АМСМ).
Патот беше затворен за сообраќај во 09:45 часот поради опожарна цистерна која превезувала 20 тони нафта.
-Во пожарот бил зафатен задниот дел на камионот, кај гумата информираа од Центарот за управување со кризи.
Возилото се запалило на еден километар од селото Владиевци на патниот правец Струмица-Радовиш,а на терен излегле шест пожарникари и две противпожарни возила , додека четворица полицајци вршеле контрола на сообраќајот.