АМСМ: Во прекин е сообраќајот кон граничниот премин „Блаце“

На магистралниот пат кон ГП „Блаце“ после тунелот кај м.в.Враживир има превртен камион на коловозот, известува Авто-мото сојуз на Македонија.

-Сообраќајот на магистралниот пат е во прекин во двата правци, се наведува во информацијата.

Инаку, сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Претходна вестЕрдоган најави крај на своето владеење по локалните избори во Турција
Следна вестИстече рокот за собирање потписи: Седум кандидати во трка за претседател на државава