Анализа за две месеци: Над 9.000 вакцинирани лица се заразиле, 207 починале

Нјголем број од оние кои се заразиле, биле хоспитализирани или починале во период оф два месеци (од 6.8. до 7.10.2021) на територија на државата биле невакциирани лица, покажува анаизата на ИЈЗ.

Во овој период има 38.019 граѓани кои се позитивни од тестирани на ковид-19.

Од нив 24% биле целосно вакцинирани (со две примени дози), односно 9.163 лица.

Бројот на нвакцинираните кои се заразиле во тој период е 28.856, граѓани, односно 76% од позитивните на ковид-19.

Процентот на хоспитализирани лица кои се невакцинирани изнесува 81%, додека 19% од сите моментално хоспитализирани пациенти се целосно вакцинирани.

И смртноста кај невакцинираните е поголема, покажува анализата.

Во период од 6.8. до 7.10.2021 на територија на државата починале 1277 пациенти со ковид-19, 1070 пациенти од починатите, односно 84% не биле вакцинирани, а  16%, односно 207 примиле вакцина.

Според анализите, починатите имале повеќе комбинирани хронични заболувања. Пациентите биле вакцинирани со сите типови вакцини кои ги има на располагање кај нас.

 

Претходна вест16 починати и 386 нови заразени – стабилно лоша состојбата со ковид
Следна вестУХМР: До крајот на денот и утре облачно и студено со повремен дожд