Целиот тим на Австрија доаѓа од Бундес – лигата, а Македонија направи сензација со триумфот над Германија (1-2) во квалификациите за СП во Катар 2022. Селекторот Игор Ангеловски ја има победничката формула и не мисли да ја менува. Денеска на Националната арена во Букурешт (18 часот) на историскиот прв меч на Македонија на европските првенства, ќе стартува токму тимот што играше и во Дуисбург.
На голот е Столе Димитриевски, а во одбранбеното трио ќе бидат поставени Стефан Ристовски, Дарко Велковски и Висар Муслиу.
Во средниот ред ќе играат Аријан Адеми и Енис Барди како двајца последни играчи за врска, лево е Езгјан Алиооски, а десно Бобан Николов. Најблиску до противничкиот гол во маневарот ќе биде Елиф Елмас, а во нападот се капитенот Горан Пандев и Александар Трајковски.
Мечот меѓу Македонија и Австрија почнува во 18 часот.