Англиски турист ги осквернави фреските во Помпеја: „Сакав да оставам трага од мојата посета“

Против англиски турист вчера беше поднесена жалба во обвинителството во италијанската област Кампанија, откако на урнатините на Помпеја ги издлабил своите иницијали и оние на неговите две ќерки.

На фреските на влезот во Куќата на Весталите во Помпеја, маж издлабил „JV LMV MV“, вчерашниот датум, како и натписот „MYLAW“, а откако вработените го пријавиле инцидентот, интервенирале локалните карабинери.

Туристот подоцна се извини, велејќи дека сакал да остави трага на неговата посета на Помпеја, пренесува Матино.

Тој беше пријавен во обвинителството во Торе Анунзијата, во близина на Неапол, за оштетување на уметничкото наследство.

Претходна вестПовторно искорната и искршена спомен-плочата на Карпалак
Следна вестОткупните цени за крупните сорти на ориз ќе изнесуваат 35 денари, а за ситните сорти 30 денари