Антикорупциска: Претседателските кандидати потрошиле 7,5 милиони евра, Сиљановска Давкова и Пендаровски по околу 2,6 милиони евра

Седумте претседателски кандидати потрошиле вкупно 7,5 милиони евра за изборната кампања, од кои најголем дел Гордана Сиљановска Давкова и Стево Пендаровски, по околу 2,6 милиони евра, покажува посебниот извештај за финансирање на изборната кампања за претседателските избори од Државната комисија за спречување на корупција. По Силјановска и Пендаровски на оваа листа следуваат кандидатите  Бујар Османи со 900.000 и Арбен Таравари со околу 800.000 евра. Тројцата останати кандидати Стевчо Јакимовски, Максим Димитриевски и Билјана Ванковска потрошиле секој  по околу 160.000 евра.

-Од анализата на приходите по видови на извори на финансирање утврдивме дека изборната кампања е финансирана со 77 отсто од средствата обезбедени од Буџетот, додека 23 проценти се средства обезбедени од други извори на финансирање. Истакнуваме дека ДКСК смета дека финансирањето на изборниот процес со средства од Буџетот на РМ треба да се укине, поради постоење на корупциски ризици, соопштуваaт од ДКСК.

Во Извештајот за утврдените состојби во финансирањето на Претседателските избори, антикорупционерите констатирале бројни недостатоци во правната и административна рамка кои го регулираат изборниот процес и финансирањето на изборните камањи. Покрај постоењето законска регулатива, во извештајот евидентирани се сериозни проблеми во имплементацијата кои создаваат ризик за корупција.

Претходна вестТројца скопјани вчера искасани од кучиња во Аеродром, Драчево и на автопатот „Пријателство“
Следна вестОграбена Чилеанка на Автобуската станица во Скопје