Антикорупциската комисија ќе го испитува назначувањето на Верзиволи за главен ревизор на ИПА фондовите

Во Антикорупциската комисија (ДКСК) вчера стигнала анонимна пријава дека несоодветно и нестручно лице е поставено за главен ревизор на претпристапната помош. На таа позиција минатата недела, владата ја назначи Афрона Верзиволи која нема никакво ревизорско искуство ниту пак има соодветен ревизорски сертификат.

Случајот го разгледува и делегацијата на ЕУ во Скопје, кои порачаа дека  сите нови функционери треба да бидат поставени законски и со исполнети критериуми за вршење на функцијата.

Верзиволи е поставена за главен ревизор на европските ИПА фондови иако до изборот работела во банка и немала ниту соодветно искуство ниту соодветни сертификати. За тоа место и таа позиција се предвидени строги правила, односно и во договорот за соработка на државата со ЕУ за ИПА фондови стои дека „раководителот треба да поседува соодветна стручност, знаење и искуство во областа на ревизијата за да ги извршува бараните задачи“. Постои и законски услов, а главниот ревизор за ИПА фондови мора да има уверение за стекнато звање од областа на ревизијата. Предлогот за назначувањето е стигнат од коалицијата Влен, а владата го изгласала.

Претходна вестУапсен пироманот кој го предизвикал пожарот кај Папрадиште, го признал делото
Следна вестРељиќ загуби во 1/4 финалето, но и натаму има шанси за медал