Антикорупционерите отворија предмет за противпожарната скала набавена од Шилегов

Отворен е предмет од страна на државната Антикорупциска комисија за набавката на противпожарната скала од 1,7 милион што ја направи скопскиот градоначалник Петре Шилегов. До отворањето на предметот дојде откако најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ обвини дека возилото е прескапо платено и дека соучесник на операторот-набавувач од Будимпешта е фирма на зет на член на градската управа. Вчера скопскиот градоначалник Петре Шилегов самиот си поднесе иницијатива во Државната комисија за спречување на корупцијата да го испита овој случа. Тој потег најде на реакција на претседателката на ДКСК Билјана Ивановска.

-За овој предмет ќе постапуваме како и со сите предмети. Но, неблагодарно е тој сам за себе да поднесува пријава со сомнежи за корупција, бидејќи тоа малку не соодвествува со одредбите во нашиот закон. ДКСК е независен државен орган и е неблагодарно да се вршат препукувања, со цел да се обезбедат одредени политички поени, затоа што во пресрет на локалните избори не сакаме да се доведиме во ситуација преку нас да се книжат одредени политички поени, рече Ивановска.

Претходна вестБројката на заразени се намали на 324, но на починати и натаму висока – 26 за 24 часа
Следна вестОпштина Карпош ќе субвенционира купување нови велосипеди за жителите