Home АКТУЕЛНО Антикорупциска ќе ги проверува 39 трансакции на сметката на несудената конзулка во Њјуорк

Антикорупциска ќе ги проверува 39 трансакции на сметката на несудената конзулка во Њјуорк

0
Антикорупциска ќе ги проверува 39 трансакции на сметката на несудената конзулка во Њјуорк

Државната комисија за спречување на корупцијата денеска ќе отвори предмет по допрен глас и ќе проверуваат податоците од институциите во врска со објавени информации дека на телевизиската презентерката Бесмира Ејупи, несудената конзулка во Њујорк и биле извршени 39 трансакции од страна на буџетски корисници.

Според она што беше објавено во некои медиуми, на сметката на Ејупи има 39 трансакции од страна на буџетски корисници и тоа од Државното правобранителство и општините Сарај, Петровец, Чаир и Брвеница.

Ејупи неодамна стана позната во јавноста откако протекоа информации дека на затворена седница на Владата била назначена за конзул во Њујорк. Од Владата никогаш не потврдија дека такво нешто се случило, и тврдеа дека Македонија таму има конзул со седиште во Њу Џерси кому мандатот не му е истечен.