Банките легано во поткраднуваат а буржујската ДПМНЕ повторно одработува за банкарите, против граѓаните. Ова на својот фејсбук профил го напиша пратеникот Димитар Апасиев, по однос на предлог за измена на Законот за платежни услуги и платни системи поднесени од пратениците на Левица.
– Осеќате, нели, како банките легално ве поткраднуваат на ситно, на крајот на секој месец… Ви наплаќаат за се и сешто: за водење трансакциска сметка, за проверка на состојба на сметка, за кредитни и дебитни картички, за Е-уплатници, за трајни налози, за токени и мал милион други заебанции.
Епа, во процедура од мај месец 2023 е предлог за измена на Законот за платежни услуги и платни системи (поднесен по втор пат од Левица) – арно ама, претседателот на Комисијата за финансирње и буџет – Бојан Стојаноски (од редовите на ДПМНЕ), во дослух со банкарското лоби, не ја става точката на дневен ред и законот не може да се изгласа на пленарна седница.
p.s. Памтете го овој потег на следните избори, кога ДПМНЕ ќе ви ветува од пиле млеко, напиша Апасиев на својот фејсбук профил.