Апасиев до Филипче: Оставка се дава, не се нуди!

По понудената оставка од страна на министерот за здравство Венко Филипче, се огласи пратеникот и лидер на „Левица“ Димитар Апасиев кој преку социјалните мрежи посочи:
-Нас ли овие финти, бе министре?
Оставка се ДАВА како еднострана изјава на неотповиклива волја!
Оставка не се НУДИ на некој (во случајов премиерот т.е. Владата), па да оставаш шанса да не ти ја усвојат – како што, ваљда, сте се договориле за да и замачкате очи на разгневената јавност. Оти, оставката од морални причини не зависи од ничија друга волја, освен од онаа на подносителот! Ама за тоа, треба да имаш етичка внатрешна вертикала и ДОБЛЕСТ која ти, за жал, не ја поседуваш, стои на Фејсбук страната на Апасиев.

Инаку, министерот за здравство Венко Филипче вечерва на прес-конференција соопшти дека до премиерот Зоран Заев понудил пишана оставка од морални причини.

-Нема зборови за да се опише ниту да се намести загубата. Како лекар и министер за здравство денеска понудив пишана оставка до премиерот Заев, рече Филипче во обраќањето.

Сега на потег е премиерот кој треба да одлучи дали ќе ја прифати оставката на Филипче кој е и потпретседател во СДСМ.

Претходна вестВМРО-ДПМНЕ: Заев да не се крие зад оставката на Филипче
Следна вест„Оркестар без граници“ се враќа во игра