Пописот тече според планираното, уверуваат властите. Од „Левица“ тврдат дека има многумина кои не се попишале и го одбиваат тоа.
Денеска лидерот на оваа партија Димитар Апасиев има на Фесбук и објаснување зошто нема казнувања кои властите ги најавуваа. Напишаното ви го пренесуваме во целост:
-Знаете зошто Апостол не казнува за одбивање фалц-попис?
Затоа што над 200.000 Македонци досега одбиле да се попишат! Ако почнат да пишуваат казни, ќе има евиденција, а вака нема траг.
А според светските статистички стандарди, попис кој го бојкотирале само 2,5% од населението се смета за НЕВАЛИДЕН. Тоа, во наши услови, значи дека доволно е 50.000 луѓе да одбијат да учествуваат во фалсификатот, и планот за етноинженерингот нема да има меѓународна верификација. Официјалните бројки се лажирани, а само една општина (Аеродром) е на добар пат да го сруши целиот фалсификат. А тек па другите бојкотирачи низ цела Македонија, напишал Апасиев.