Апасиев и Димитриевски му одговорија на Мицкоски

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоси синоќа повика на национално обединување, а денеска ги доби и одговорите на првите луѓе на партијата „Левица“ и на Движењето ЗНАМ – Димитар Апасиев и Максим Димитриевски,кој е и претседателски кандидат. На митингот во Охрид Мицкоски рече дека негова прва  иницијатива за обезбедување на македонско национално единство ќе ја започне со тоа што го објавува мораториумот во нападите кон партиите „Левица“ и ЗНАМ.

Димитриевски утринава во интервјуто за Радио Лидер рече дека му импонира што во голем број случаи лидерот на ВМРО-ДПМНЕ ги копира во некои постапки.

-Излеговме како партија и рековме дека нема да преговараме со никој додека не се понуди една национална платформа. Не можете да постигнете поголем ефект во имплементација на мултиетничко движење ако немате национално едиство. Тоа може да се стори. Без ЗНАМ нема идна влада. Ние не напаѓаме, ние само конструктивно дискутираме, рече Димитриевски.

Тој додаде дека на локално ниво немаат официјално потпишано коалиција со ВМРО-ДПМНЕ, но дека дефинитивно имаат соработка.

-Имаме соработка со ВМРО-ДПМНЕ и со албанската опозиција, рече Димитриевски.

Како постулати за македонско национално единство Димитриевски ги посочи „најнападнатите“ работи: Јазикот, индетитетот и историјата.

-Овие основни нешта треба сите да ги потпишеме, нагласи тој.

Од друга страна лидерот на „Левица“ Димитар Апасиев изрази резерва.

-Не верувај им на ДПМНЕјците, дури и кога ти носат подароци. п.с. Термометарот на жестокоста во критиката не смее да се спушти ниту за степен, напиша Апасиев на социјалните мрежи.

 

Претходна вестНа Шара за еден месец изгорени над 400 хектари шума, локалното население ретко помагало во гаснењето
Следна вестРадијаторите ќе греат до 30-ти април