Овие претседателски избори се последните на кои СДСМ на Нашата Земја ќе предложи кандидат со 30 пратеници, напиша на Фејсбук лидерот на Левица, Димитар Апасиев.
„Оти, на следните претседателски избори, ќе немаат ни толку“, поентираше претседателот на Левица.
Согласно законските решенија, за претседателскиот кандидат не се собираат потписи доколку зад неговата кандидатура застанат 30 пратеници.
Доколку нема доволно пратеници, тогаш потребно е да се соберат 10.000 потписи од граѓани.