Апасиев: Сега Таче да беше премиер, а не домазет во Владата, ќе го разрешеше министерот за здравство

Не стивнуваат реaкциите откако Министерот за здравство, Фатмир Меџити, го разреши кардиохирургот Сашко Јовев од функцијата директор на Кардиологија. Меѓу другите реагираше и лидерот на Левица Димитар Апасиев.

– Сега Таче да беше премиер, а не домазет во Владата, ќе го разрешеше министерот за здравство, онака лаконски, напиша Апасиев на својот Фејсбук профил.

Ваквата реакција на Апасиев слаеди откако докторот Јовев истакна дека бил разрешен поради каприц, односно бидејќи го испочитувал терминот на премиерот, а не на министерот.

-На 27.мај беше отворена хибридна операциона сала на Универзитетската клиника за државна кардиохирургија која овозможува хирургија со малку компликации, брз опоравок, кратка рехабилитација и таканаречена минимално инвазивна хирургија. Сега имаме и апарат за срцева и белодробна поддршка каков што нема во регионов. Сето ова беше промовирано во јавноста во термин кој беше посочен од премиерот Димитар Ковачевски, но најверојатно не му се допадна нашата одлука на министерот Меџити кој инсистираше свеченото отворање да биде во друг термин. Поради каприц тој одлучи да ме смени, вели докторот Јовев

За неговото разрешување Меџити вели дека на клиниките нема да остави директори што спијат и немаат резултати.

– Нема да има директори што седат, спијат и немаат резултати. Затоа е здравството во ваква амортизирана состојба. Ова е само почеток, со мене како министер и со кабинетот нема никој повеќе да седи, ќе поднесе извештај што има сработено, истакна министерот Меџити.

Инаку Професорот Сашко Јовев, кој долги години е прв човек на Државната кардиохирургија е светски познат кардиохирург. Тој го предводеше тимот што ги изврши првите трансплантации на срце во Македонија.

Првата трансплантација на срце беше изведена на 23 мај 2020, оттогаш има изведено вкупно осум пресадувања на срце.

Претходна вестШаќири: Не се пријавуваат автори за учебник по Македонски јазик во трето одделение, за 80 отсто од предметите ракописите се доставени
Следна вестД-р Јовев: Министерот ме разрешува дали од каприц или од некоја скриена сугестија