Пратениците на „Левица“ не се откажуваат од многуте свои иронични амандмани на Деловникот на Собранието. Димитар Апасиев стравува дека власта има конкретна скриена цел зошто сака он-лајн работа на парламентот.
Неговото објаснување напишано на Фејсбук ви го пренесуваме во целост:
-СДС на Нашата Земја, во соработка со ДУИ, се обидуваат да прошверцуваат противуставен Деловник за онлајн работа на Собранието, со единствена цел – да може полесно да го ратификуваат евентуално склучениот квислиншки АНЕКС-ДОГОВОР со Бугарија, со кој тотално се негира македонскиот јазик, нација и идентитет!
Пратениците на Левица се решени дека тоа нема да го дозволат и затоа се одлучија да го блокираат процесот со амандмански ФИЛИБАСТЕРИНГ.
Во меѓувреме, во јавноста процурија и следниве амандмани на „безобразните опозиционери“, напишал Апасиев, споделувајки факсимили од дел од шеговитите амандмани.
Во еден таков амандман Апасиев предлага – оддалеченоста на пратеникот од Собранието да се мери во километри, а оптички кабел да обезбедува Генералниот секретар.