Апасиев: Со амандманите го блокираме прошверцувањето на противуставен Деловник

Пратениците на „Левица“ не се откажуваат од многуте свои иронични амандмани на Деловникот на Собранието. Димитар Апасиев стравува дека власта има конкретна скриена цел зошто сака он-лајн работа на парламентот.
Неговото објаснување напишано на Фејсбук ви го пренесуваме во целост:
-СДС на Нашата Земја, во соработка со ДУИ, се обидуваат да прошверцуваат противуставен Деловник за онлајн работа на Собранието, со единствена цел – да може полесно да го ратификуваат евентуално склучениот квислиншки АНЕКС-ДОГОВОР со Бугарија, со кој тотално се негира македонскиот јазик, нација и идентитет!
Пратениците на Левица се решени дека тоа нема да го дозволат и затоа се одлучија да го блокираат процесот со амандмански ФИЛИБАСТЕРИНГ.
Во меѓувреме, во јавноста процурија и следниве амандмани на „безобразните опозиционери“, напишал Апасиев, споделувајки факсимили од дел од шеговитите амандмани.
Во еден таков амандман Апасиев предлага – оддалеченоста на пратеникот од Собранието да се мери во километри, а оптички кабел да обезбедува Генералниот секретар.
Претходна вестГрад Скопје го награди со 100.000 денари младиот боксер Ардијан Аземи
Следна вестНа лов во битолско смртно застрелан 35-годишен ловџија