Апасиев со одговор за „дибеците“ кои го прашуваат како се носи со поразот

Левица освои 6 пратенички места во новиот парламентарен состав. Тоа во партијата го сметаат за успех, а пред малку лидерот на партија, Димитар Апасиев, на Фејсбук објасни и зошто успехот е голем.

Во продолжение ви го пренесуваме неговото пишување во целост:

-Растот на ЛЕВИЦА низ годините (преку бројки):

ИЗБОРИ 2016 => ок. 12.000 гласови, освоени 0 мандати [да беше една изборна единица ќе имавме пратеник].

ИЗБОРИ 2020 => ок. 38.000 гласови, освоени два мандата [да беше една изборна единица ќе имавме пет пратеника].

ИЗБОРИ 2024 => ок. 70.000 гласови, освоени шест мандати [да беше една изборна единица ќе имавме осум пратеника].

p.s. И некој дибек ќе те праша: – “Брат, како се носите со поразов на парламентарни”!?, напиша Апасиев.

Претходна вестМакедонскиот устав само сега ќе го бранат или постојано требаше да е така?
Следна вестД-р Беќаровски бара извинување од министерот Демири: Дегутантно е да ми се инпутираат било какви национални навреди