Повик за давање донации за да се заврши православната црква „Свети Константин и Елена“ на улица „Македонија“ во центарот на Скопје, упати денеска Скопската епархија на МПЦ-ОА.
Денеска, на денот кога се одбележува празникот посветен на Светиот цар Константин и неговата мајка Елена, Скопската епархија овозможи влез на медиумите на градилиштето на овој храм. Меидумите можеа да видат како дел од внатрешноста од храмот е завршен, но има уште многу работи за да тој го добие предвидениот изглед. Исто така, незавршен е и дворот на црковниот храм.
-Ги повикуваме сите верници, благочестиви христијани, добронамерни луѓе, кои сакаат да помогнат и да донираат за да се догради овој храм, тој да дојде во заврша фаза за да во него може да се изведуваат богослужби, изјави претставникот на Скопската епархија.
Во 2012 година на централната градска улица „Македонија“ се почна со градба на новиот храм кој ќе го носи име на овие светители. Меѓутоа, и по 12 години од почетокот на градбата оваа црква се уште не е завршена. Лимените тараби околу градбата на црквата се уште стојат и одземаат речиси третина од улицата „Македонија“ во нејзиниот централен дел.