Апсење на патот Неготино – Градско

На 02.08.2020 во 04.30 часот во близина на раскрсница кај с.Црвени брегови на регионалниот пат Неготино – Градско од полициски службеници од Полициска станица Михајлово бил лишен од слобода А.Ј.(30) од Неготино кој управувал патничко моторно возило “фолсваген венто“ без регистарски ознаки, бидејќи во возилото превезувал мигранти, велат од полицијата.

При негово запирање биле пронајдени три лица-мигранти од Бангладеш.

За настанот е известен јавен обвинител и по негови насоки мигрантите се сместени во ПТЦ-Винојуг Гевгелија, додека пријавениот е предаден на полициски службеници од Полициска станица Неготино и против него ќе биде поднесена кривична пријава поради основано сомнение за сторено кривично дело „криумчарење мигранти“.

Претходна вестБројот на новозаболени од Ковид-19 и натаму трицифрен, во Скопје 1.372 активни случаи
Следна вестДевојка тешко повредена по пад од мотоцикл