Арачиновец затаил 483.724 денари данок. Против него МВР поднесе кривична пријава.
– Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје поднесе кривична пријава против И.И.(63) од село Арачиново, скопско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „даночно затајување“.
Пријавениот, во текот на 2020 година преку сопствената банкарска трансакциска сметка во вкупно 18 наврати реализирал прилив на парични средства во вкупен износ од 4.837.240 денари, за кои до Управата за јавни приходи не пријавил и не платил данок на личен доход во износ од 10% или 483.724 денари и за тој износ го оштетил Буџетот, се наведува во соопштението од МВР.