Аргентинка убиена на Косово, маж ја турнал од шести кат на хотел

Денеска, во раните утрински часови се случила трагедија во Косово. Според косовските медиуми, убиена е жена по потекло од Аргентина. Жртвата престојувала кај швајцарски државјанин, кој е осомничен за нејзиното убиство.

Граѓанка на Аргентина паднала од шести кат во хотелот, а постои сомневање дека маж ја турнал. Полицијата го привела осомничениот. Основниот суд во Приштина на осомничениот веќе му одреди едномесечен притвор за кривично дело убиство.

Претходна вестДачиќ: Ако нема Срби во Бугарија, нема ни Бугари во Србија
Следна вестГраната тешка 100 килограми најдена кај село Псача