Американски борбен авион Ф-35 исчезна во Јужна Каролина по катапултирањето на пилотот, а воените претставници апелираат до јавноста да помогне во пронаоѓањето на „невидливиот“ авион.
Потрагата е фокусирана на областите околу езерата Мотри и Марион северно до Северен Чарлстон каде што се наоѓа соодветната воена база. Пилотот за време на несреќата безбедно се катапултирал и е во стабилна состојба во болница, пишува „Гардијан“.
Локалната конгресменка Ненси Мејс праша „како е можно да се изгуби Ф-35“.
-Дали нема уред за следење на авионот и сега бараме од граѓаните да го најдат?, изјави таа на социјалните мрежи.
Во потрагата бил вклучен и хеликоптер.
F-35 Lightning II е петта генерација на повеќенаменски ловец со еден мотор.