Да се спречи уништување на јавните добра по скопското подрачје со засилени инспекциски контроли, беше потенцирано на денешната седница на Координативното тело на градоначалниците од десетте скопски општини.
Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, ги информираше градоначалниците дека градскиот инспекторат континуирано врши засилени инспекциски контроли за да се спречи уништувањето на јавните добра и заштита на животната средина, а побара и поголема вклученост од општинските инспекции во зачувувањето на урбаната опрема и садовите за отпад.
-Не смее да се дозволи самоволие на поединци и толеранција на сметка на уништување на јавните добра и уништување на животната средина, потребна е поголема вклученост на општинските инспекции во зачувување на јавните добра, сторителите да се казнуваат без исклучоци, истакна Арсовска.
Да се надеваме дека ова „будење“ на инспекциите ќе вроди со плод. Премногу насилници и пиромани растураат јавен имот.