Арсовска го „препаркира“ Крсте Петревски за директор во ЈСП „Скопје“

Досегашниот директор на ЈП „Градски паркинг“ Крсте Петревски е именуван за нов директор на најголемиот градски автобуски превозник ЈСП „Скопје“. Порталот СДК која ја објавува оваа информација повикувајќи се на изворите во двете градски јавни претпријатија, наведува дека ова е одлука на скопската градоначалничка Данела Арсовска.

Петревски е трет директор на јавното сообраќајно претпријатие откако градоначалничка на Скопје е Данела Арсовска. Тој, како кадар на партијата ГРОМ, доаѓа на местото на Александар Стојковски кого Арсовска го разреши од функцијата.

Арсовска прво го разреши Кристијан Чушков откако стана градоначалник на Скопје, а за в.д. директор беше именуван Иван Илиевски. По само 5 месеци, во мај минатата година, Илиевски си замина од функцијата. За нов вршител на должност директор на Јавното сообраќајно претпријатие Скопје (ЈСП) беше назначен Александар Стојковски од кој Арсовска очекуваше да воведе ред во ЈСП. Но, и покрај сето ова во моментов Скопје нема целосно функционален јавен превоз кој треба да го организира ЈСП.

 

 

Претходна вестВо близина на пункт поставен знак со предупредување: „Специјалците на Курти пукаат на Срби“
Следна вестКовачевски: Лага е тоа што го кажува Николоски за Договорот со „Бехтел и Енка“