Арсовска изрази благодарност на борците за ослободување на Скопје

По повод одбележувањето на 13 Ноември – Денот на ослободувањето на Скопје, градоначалничката на град Скопје Данела Арсовска, оствари традиционална средба со претставници на Градскиот одбор на Сојузот на борците од Народноослободителната антифашистичка војна на Македонија, посакувајќи им добро здравје и понатамошна успешна соработка.

-Градоначалничката Арсовска, изрази благодарност за храброста, силата и упорноста во борбата за слобода за Скопје и Македонија, за сите нас и идните генерации. Почитта кон нашите народни херои и пожртвувани борци, нивниот непокор не потсетува колку е важно да ја почитуваме и паметиме жртвата која борците ја дале за денес да живееме во слободно Скопје, соопшти Град Скопје.

Претходна вестТројца повредени во сообраќајката кај Соборниот храм „Свети Климент Охридски“
Следна вестКовачевски: Измените во Законот за здруженија на граѓани се во сила и тој ќе се применува