Градоначалничката на Град Скопје распиша јавен повик за избор на независни стручни лица – членови на телото „Скопје ЕПК 2028“, чија цел е водење, спроведување и координација на активностите што произлегуваат од титулата Скопје 2028 – европска престолнина на културата.
-Јавниот повик е отворен за учество за физички лица со живеалиште на територија на град Скопје, кои имаат значително искуство во една или повеќе области, со кои ќе придонесат за успешна реализација на Скопје 2028 – европска престолнина на културата, и тоа во изведбена уметност, музичка уметност, визуелна уметност и уметност на новите медиуми, издавачка и библиотечна дејност, музејска дејност и промоција на културно наследство, креативни индустрии, применета уметност и општествени науки, се вели во објавата.