Арсовска: Зошто министерката за култура ако дознала за пожарот пред 9 часот, истиот не го пријавила?

Ако министерката за култура Бисера Костадиновска – Стојчевска осознала за пожарот во Универзална сала пред 9 часот, зошто веднашне го пријавила, праша денеска скопската градоначалничка Данела Арсовска. На прес-конференцијата таа соопшти дека Градот Скопје воопшто не бил информиран за отпочнување на градежните активности во Универзалната сала, пред да се случи пожарот во изминатата недела. Арсовска постави повеќе прашања, упатени до Министерството за култура и до фирмата изведувач.

-Зошто министерката за култура ако дознала за пожарот пред 9 часот, истиот не го пријавила? Зошто ако работниците и инженерката на фирмата се обидувале да го гаснат пожарот и откако не го локализирале, не пријавиле и не побарале помош од Противпожарната бригада на Град Скопје, каде многу подоцна е пријавен пожарот од страна на случаен минувач? На што се должи изјавата на Лазар Арсовски, сопственик на фирмата изведувач дека причината за пожарот е стар кабел или инсталација? Каде поточно е започнат пожарот? Врз основа на кој проект е продолжено да се реконструктуира Универзалната сала, беа само дел од прашањата на градоначалничката Арсовска.

Таа додаде дека против неа се создала голема хајка во изминатите години, со изјави дека „не поседувала способност за да ја продолжи реализацијата на Универзалната сала“.

-По две години и увидување на неможноста да се реализира оваа реконструкција, гледате дека мистериозно има пожар на Универзалната сала, во моментот кога е веќе отпочната на терен од страна на Министерството за култура. Бев напаѓана дека не дозволувам продолжување на проектот на реконструкција кога на секој наш граѓанин му е јасно дека градоначалникот нема ингеренции, ниту надлежности да пренесе право на реконструкција или било каква одлука со сопственост на имотот на Град Скопје, без соодветна одлука на Советот. Имаше многу невистини од жената која се уби од лажење во изминатите месеци, додаде Арсовска.

Претходна вест„Најтесниот град“ во светот е долг 1.416 километри
Следна вестЗмија се појави во близина на поликлиниката во Аеродром, граѓаните вознемирени