Брзината на промена на температурата во водите на Атлантскиот Океан во јуни и во јули годинава беше изненадувачка. Делот од океанот околу екваторот ова лето брзо се олади во текот на неколку месеци. Сега се загрева и се враќа на нормални температури, но научниците се уште се збунети од драматичното ладење.
Необично заладување долж екваторот, неколку степени северно и југ, започна на почетокот на јуни, по најдолгата серија на затоплување на океаните во последните 40 години, пишува lifecience.
-И покрај фактот што температурата на тој дел од океанот често варира, од студена до топла фаза на секои неколку години, брзината со која овој пат температурата падна од рекордно на рекордно ниско ниво е навистина без преседан, вели Франц Тукен, студент на додипломски студии на Универзитетот во Флорида во Мајами, кој го следел настанот.
Мајкл Мекфејден, научник од Националната администрација за океани и атмосфера во САД вели дека се уште се многу збунети.
-Не знаеме што навистина се случува. Можеби тоа е карактеристика што се разви од некој процес што ние не го разбираме, вели тој.
Во февруари и март годинава температурата на водата била највисока од 1982 година досега и изнесувала 30 степени. Меѓутоа, во јуни температурата наеднаш почна да опаѓа и до јули се спушти на 25 степени.
-Засега, нашето знаење не дава одговори на прашањата за тоа кој би бил јасен двигател на ова ладење, вели Тукен.