АВМУ со поддршка за критичните медиумски гласови

– Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги се придружува на напорите на Американската влада, Кралството на Холандија и Македонскиот јавен сервис да ги поддржи критичните гласови кои известуваат за теми кои се важни за граѓаните и ќе им помогнат да носат информирани одлуки. Агенцијата ја препознава и потребата на граѓаните, но и обврската на домашните институции да поддржи квалитет и содржина која ќе помогне да создадеме информиран електорат којшто ќе биде подобро запознаен со проблемите во сферата на корупција и владеење на правото во услови кога овие проблеми се недоволно претставени во медиумите, стои во соопштението од Агенцијата.

Во продолжение од таму ја информираат јавноста дека во рамки на своите заложби обезбедиле донација од 5 милиони денари за активности и содржини на Истражувачката репортерска лабораторија, непрофитна медиумска организација чие што известување е фокусирано на корупција, криминал и добро владеење.

-Овие активности се вклопуваат со целите и вредностите на АВМУ да ги штити интересите на граѓаните, да обезбеди квалитетни информации и плурализам во известувањето и да поддржи постоење на разновидни, независни и самостојни аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.

АВМУ ќе обезбеди континуирана поддршка на критични гласови на различни медиумски организации и во следната буџетска година, со цел подобрување на квалитетот на информациите и дистрибуцијата на квалитетни информации по примерот на европските држави. Во тие рамки ќе продолжат нашите заложби за институционална поддршка на новинарите и медиумските работници преку формирање на Фонд за медиумски плурализам, велат од Агенцијата.

Претходна вестМеѓународниот суд побара од Израел да стори сé што е во негова моќ за да спречи геноцид
Следна вестПритвор за петмина од уапсените во Грчец