Австралија лани го протера Ѓоковиќ, сега мора да му се поклони

Феноменалниот Новак Ѓоковиќ пак му покажа на светот дека е најдобриот тенисер на планетата. Со извонредна игра тој пред малку победи во финалето на „Австралија Опен“. Гркот Стефанос Циципас се обиде да даде силен отпор, но српскиот тенисер сепак победи со убедливи 3:0.

Популарниот „Ноле“ со ова ја освои историската десетта круна на „Австралија опен“.

Инаку, дел од навивачите за време на натпреварот намерно го провоцираа, Ѓоковиќ еднаш им врати и со псовки, но пред се одговори со уште посиловито играње кое и му донесе победа. Победа по која низ солзи славеше со својот тим и дел од семејството.

Едноставно, Ѓоковиќ играше фуриозно на овој турнир и буквално го кршеше отпорот на секој ривал. Колку тој добро игра на овој турнир показател е и тоа што при една од убедливите победи новинарка го штипна за да провери дали е човек. Инаку, многу аналитичари велат дека Новак е инспириран за големи натпревари поради желбата да има најмногу титули во тенисот, но и поради ланското понижување кое го доживеа во Австралија кога го депортираа не давајќи му да настапи на турнирот затоа што не бил вакциниран иако му дозволија да влезе во земјата.

Српскиот тенисер го израмни рекордот на Рафаел Надал од освоени 22 гренд слем трофеи, а сега повторно ќе биде и најдобар тенисер на АТП листата.

За многумина тој е и најдобриот спортист на планетата во денешницата.

Претходна вестВМРО-ДПМНЕ: И покрај сите отстапки кои ги направи Владата, Македонија е понижувана и трпи критики од Бугарија
Следна вестСДСМ: Христијан Мицкоски се докажа како врвен непознавач на енергетиката