Рано утрово Ј.Н. (20) од Австралија во ноќен клуб на булеварот „Железничка“ во Охрид, од полицијата бил затекнат како користи кокаин.
При преглед кај него, исто така, бил пронајден кокаин.
По целосно документирање на настанот, против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава.