Австрија не сака да прими нови бегалци од Авганистан

Австрија нема да прими нови авганистански бегалци, соопшти вчера австрискиот канцелар Себастијан Курц.

-Не мислам дека треба да примиме повеќе луѓе во Австрија, туку спротивното, изјави тој во интервју за австриска телевизија.

Во Австрија веќе има 40 илјади Авганистанци, што е втора најголема авганистанска заедница во ЕУ според бројот на популацијата во земјата.

Курц постојано ја отфрла можноста да прими уште Авганистанци.

-Нема да има такво нешто додека јас сум канцелар, вели Курц и додава дека тие имаат проблем да се интегрираат во австриското општество.

Курц е свесен дека Талибанците се сурови и дека условите за живот во Авганистан се ужасни, но вели дека меѓународната заедница треба да направи сè што може да ја подобри ситуацијата во земјата

Претходна вест180 сообраќајни прекршоци во Скопје, 80 санкции за брзо возење
Следна вестУгостителите од Струмица излегуваат на протест: Ние не ја шириме короната, време е Владата да донесе нови мерки