Австриските „Кобри“ уапсија татко и тројца синови од Македонија, раниле тројца Бошњаци, инцидентот поради жена

Четворица македонски државјани се уапсени од страна на австриските специјални полициски сили „Кобри“. Тие биле учесници во вооружен инцидент со бошњачко семејство.

По полициска потера по две возила, во која се вклучиле и австриските „кобри“ во Виена, во Флоридсдорф, се уапсени четири лица по потекло од Македонијa, татко и тројца негови синови, откако по голема тепачка со припадници на бошњачко семејство, бил разменет и оган во кој тројца Бошњаци се ранети. Жена била причината за огнениот судир, пишуваат австриски медиуми.

Таткото е на возраст од 54 години, а неговите синови имаат 22, 25 и 28 години, додека ранетите Бошњаци се на возраст од 22, 26 и 27 години и тие се дел од исто семејство. Со Бошњаците бил и еден Иранец, кој пак е повреден. Двете семејства подолго време биле во лоши односи што не се криело ниту преку социјалните мрежи.

Портпаролот на полицијата Маркус Дитрих изјавил дека според првите резултати од истрагата, пукањето се случило по тепачка на улица поради долги расправии меѓу овие две семејства.

– Ова овозможи да се добијат информации кои довеле до локацијата на осомничените сторители, изјавил Дитрих, пренесува „Независне“.

Инаку, сторителите се фатени во близина на местото на настанот само 90 минути по пукањето. Во големата бркотница учествувала и австриската специјална единица Кобра. Осомничените побегнале со два автомобили кои биле паркирани во близина на зграда во Флоридсдорф.

Претходна вестСкопје е најевтиниот европски главен град за „дигитални номади“ во Европа
Следна вестНаново треба да се учи што е пешачки премин