Автобус удрил и тешко повредил малолетен велосипедист

Малолетник кој управувал со велосипед е тешко повреден во сообраќајна несреќа што се случила вчера попладне во Скопје.

-На 11.12.2020 околу 17,40 часот во Скопје на бул.„Србија“ се случила сообраќајна незгода во која учествувале автобус „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки управуван од И.С.(26) од Скопје и малолетен велосипедист од Скопје, информираат од МВР.

По незгодата велосипедистот бил пренесен во Комплекс клиники„Мајка Тереза“ каде му биле констатирани тешки телесни повреди. Извршен е увид на местото на настанот

Претходна вестВо скопските ковид-центри примени 37 пациенти, вкупно се лекуваат 480 заболени
Следна вестКазнети 642 лица за неносење маска