Автомобил целосно изгоре на автопатот Скопје – Велес

Автомобил се запали на автопатот Скопје-Велес. Според првичните информации, нема повредени лица, а возилото целосно изгорело.

Не се знаат причините за пожарот, а патниците стојат покрај него. Имало краток обид за гаснење, но неуспешен.

На видеото кое што го објави ТВ21 може да се види како гори возилото и голем облак од дим кој се издига од огнот.

Повеќе информации се очекуваат од МВР.

Претходна вестМицкоски го поднесе предлог-составот на идната влада: Очекувам секој функционер да има протатковински позиции
Следна вестОН: Тројно е зголемен бројот на убиени деца во воените конфликти