Инцидент кај руската амбасада во Романија. Имено, возило рано утрово удрило во оградата на руската амбасада во Букурешт, пренесува Макфакс.
Во извештајот на државното радио на Романија се наведува дека инцидентот се случил утринава околу 06.30 часот, дека автомобилот се запалил откако удрил во оградата на руското дипломатско претставништво и дека возачот починал на лице место.
Снимките кои кружат на социјалните мрежи покажуваат автомобил во пламен на самиот влез во дворот на амбасадата.
Засега нема други информации околу инцидентот.