Автомобил во сопственост на МВР излета од патот Охрид – Кичево, повредени полициски службеници

На 06.12.2024 во 10.45 часот во СВР Охрид е пријавено дека на магистралниот пат Охрид-Кичево, во близина на селото Ново село, општина Дебрца, излетало од патот патничко моторно возило „сеат алтеа“, сопственост на Министерството за внатрешни работи, управувано од Ј.Л.(37), во кое сопатници биле И.Б. и Б.М, сите полициски службеници, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

По укажаната помош на местото на настанот од екипа од Итната медицинска помош, тие се пренесени во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид.

По наредба на Јавен обвинител, увид на местото на несреќата извршија полициски службеници од Полициската станица за безбедност во патниот сообраќај Охрид.

Претходна вестАлкалоид против Бриксен за четвртфинале во ЕХФ Европскиот куп
Следна вестМицкоски ќе прифати минимална плата од 450 евра ако се усогласат работодавачите и работниците