Американскиот претседател Џо Бајден негира дека му дал на Израел до знаење дека американската војска ќе се приклучи доколку Хезболах отвори нов фронт во Израел. Бајден рече дека „никогаш не било кажано“ дека САД ќе се приклучат во случај на конфликт со Хезболах.
-Администрацијата на Бајден приватно го повика Израел да не започнува воена кампања против Хезболах додека Вашингтон работи на спречување на сегашната војна да се прошири надвор од Газа, изјавија вчера за израелски медиуми двајца функционери запознаени со ова прашање.
Нападите на либанската група и фактот што Израел не успеа да го предвиди нападот на Хамас од Газа ја интензивираа дебатата дали Израел мора да биде тој што ќе ја иницира битката против Хезболах за да ја задржи предноста.
Ваквите разговори беа причина за загриженост за САД, кои приватно и јавно ги предупредија Хезболах и Иран да не започнат војна на северниот фронт на Израел. САД го предупредија Израел да биде внимателен во своите воени одговори на огнот на Хезболах, објаснувајќи дека грешката на ИД би можела да предизвика многу поголема војна во Либан, додаваат официјалните лица.
Говорејќи вчера пред новинарите по неговата кратка солидарна посета на Израел, Бајден рече дека „никогаш не било кажано“ дека САД ќе се приклучат во случај на конфликт со Хезболах.