Барал пари од девојка за да не објави фотографии, добил кривична за уцена и притвор

Дваесет и осум годишен скопјанец со уцена сакал да изнуди пари од девојка, но ќе одговара за кривично дело, а судот ќе одлучи дали ќе оди и во притвор.

Момчето кон крајот на минатот месец преку апликацијата Вибер побарал од девојката да му даде 1.500 евра, бидејќи во спротивно ќе објави нејзини фотографии и видеа за да ја компромитира.

Девојката уцената ја пријавила во полиција, по што било договорено вчера таа да се сретне со уценуввачот.

Средбата била во кафе бар во центарот во Скопје, каде девојката му однела 500 евра во денарска противвредност. Но само што зел парите, уценувачот бил приведен.

Обвинителството бара од судот момчето да биде во притивор поради опасност од бегство.

Настанот се случува истовремено кога во јавноста се појави аферата за срамната група „Јавна соба“ на апликацијата Телеграм каде над 8.000 членови со лажни имиња споделуваа илјадници компромитирачки фотографии и видеа и понижувачки и навредливи коментари за жени, девојки и малолетнички од земјава.

Групата е затворена, а досега се приведени четири лица. Идентификувани се и други членови, од кои едниот е на Малта.

Претходна вестНе ги фрлајте маските насекаде, им го загрозувате здравјето на тие што ги собираат по вас
Следна вест61 нов случај на ковид-19: Само 9 отсто од тестираните се позитивни, но дури 11 починати за 24 часа