Барди бара нов клуб, Трабзон го стави на трансфер-листата

Фудбалскиот клуб Трабзон во зимскиот преоден рок планира да направи реконструкција на тимот. Старо-новиот тренер Абдула Авчи на трансфер листата стави шестмина фудбалери, еден од ние е и македонскиот репрезентативец Енис Барди.

Пред неколку недели, германските медиуми пишуваа дека Унион Берлин, на чија клупа сега седи екс-тренерот на Трабзон, Ненад Бјелица, сака да го донесе Барди во своите редови.

Покрај Барди на траснфер листата се најдоа и Филип Бенковиќ, Жоакин Фернандез, Умут Бозок, Димитриос Курбелис и Јенс Стригер Ларсен.

Претходна вестВо автобус на ЈСП повеќе деца претепале свој врсник
Следна вестСончево со умерена облачност