БДП во првиот квартал со раст од 1,2 отсто

Бруто-домашниот производ (БДП) во првото тримесечје од 2024 година забележа раст од 1,2 отсто, соопшти денеска Државниот завод за статистика.

Во првото тримесечје, поголем пораст е забележан во секторите: Уметност, забава и рекреација; Други услужни дејности; Дејности на домаќинствата како работодавачи; дејности на домаќинствата кои произведуваат разновидна стока и вршат различни услуги за сопствени потреби од 19,6 отсто; Стручни, научни и технички дејности; Административни и помошни услужни дејности од 7,5 отсто; Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли; Транспорт и складирање; Објекти за сместување и сервисни дејности со храна од 6,9 отсто.

Во истиот период, извозот на стоки и на услуги номинално е намален за 6,0 отсто, а увозот на стоки и на услуги забележа зголемување во номинален износ од 0,5 отсто.

Бруто-инвестициите во првото тримесечје од 2024 година бележат зголемување во делот на бруто инвестициите во основни средства (во машините и опремата и во транспортната опрема) и кај промената на залихите.

Претходна вестНе помина ни третиот кандидат за претседател на Уставниот суд: По Бозаџиева и Данева и Кадриу без двотретинско мнозинство
Следна вестУставните судии на консултации како да го продолжат изборот на нов претседател, управувањето ќе се врши колективно