Излетување на возилото вчера било кобно за мало бебе кое загинало во сообраќајна несреќа на патот Струмица – Ново Село.
Полицијата соопшти дека на 18.03.2024 околу 12.50 часот во СВР Струмица било пријавено дека на магистрален пат Струмица – Ново Село, делница помеѓу селата Босилово и Турново, патничко возило „фолксваген поло“ со струмички регистарски ознаки, управувано од 40 годишната В.Д.Т. од село Стиник, општина Ново Село, излетало од коловозот.
-Од здобиените повреди починало бебе, кое било превезувано во возилото, а смрт констатирал лекар во Медицински центар Струмица, се наведува во соопштението.
Со телесни повреди се здобиле В.Д.Т. и сопатничката С.Т.(49) од село Доброшинци, струмичко.
Увид на местото извршиле Јавен обвинител и екипа на СВР Струмица.