Бегале од полицијата, во багажникот имале 100 килограми марихуана

Три лица се приведени, а 100 килограми марихуана се запленети во полициската акција што се спровела вчера кај наплатната рампа Сопот на автопатот „Пријателство“. МВР денеска соопшти дека координирана акција на повеќе полициски оддели се извршила во врска со претходната истрага за камион во кој пред околу еден месец се транспортирала марихуана, а излетал на патот Скопје-Велес.

а наплатната станица Сопот на автопатот „Пријателство“ од страна на полициски службеници било направен обид да се запре автомобил „бе-ем-ве“ со скопски регистерски ознаки управувано од Ј.Б., а како сопатник бил неговиот брат С.Б. од село Горно Блаце. Но, возачот не застанал и се обидел да избега, при што оштетил полициско возило и срушил метален столб на Јавното претпријатије за државни патишта, се наведува во информацијата на МВР.

По дополнително преземени мерки, автомобилот бил запрен и при тоа уапсени двете лица, а при извршениот преглед во возилото и во багажниот се пронајдени вреќи во кои имало околу 100 килограми марихуана.

риведен е и М.И. од Визбегово, кој имал задача да го обезбедува транспортот на дрогата како т.н. „чистач“. При претрес во домот на Ј.Б. е пронајдена една полуавтоматска пушка, за што исто така ќе биде поднесена кривична пријава, соопшти полицијата.

Претходна вестМагла, ниска облачност…
Следна вестИ пешаците „се претераа“ во Скопје